ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ГЛАВНИТЕ БИЗНИС ПРОЦЕСИ, КОМПЕТЕНЦИИ, КАТЕГОРИИ, ИНДИКАТОРИ И ИЗВОРИ НА ПОДАТОЦИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА СОВЕТОДАВНАТА АКТИВНОСТ
Првиот интелектуален резултат на проектот кој е во врска со обезбедувањето на рурални советодавни услуги (РАС), е речник или поимник за компетенции. Поимникот е алатка или структура на податоци што ги опфаќа компетенциите потребни за извршување на конкретни работни задачи при вршење на советодавните услуги, а врз основа на капацитетите што се вообичаени за една организација, како што се: тимската работа; прилагодливоста; комуникација, ИТ, менаџмент и други вештини потребни за секоја задача или функција.
Во нашиот проект, речникот/поимникот на компетенции не е само резултат сам за себе, туку и основа за следење, квантификација, квалификација и оценување на работата на советодавната работа и идентификување на областите на несоодветна компетентност, фокусирајќи се главно, но не само на, специфичните функционални компетенции.
Потребата за еден ваков поимник е врз основа на резултатите од неколку иницијативи и упатства развиени од ФАО, ГФРАС, Светска банка, како и други меѓународни организации и истражувачки тимови во последната деценија со цел креирање методологија за проценка и евалуација на руралните советодавни услуги (РАС). Но, повеќето од нив се од поширока, политичка перспектива, со што нивната употреба во пракса на мониторинг и евалуација на пазарно ориентирана советодавна услуга е прилично ограничена. Причините генерално се:
- системот на советодавни услуги станува се повеќе плуралистички, заради тоа што видот на засегнатите страни станува поразновиден, така што целокупната проценка на РАС станува посложена,
- методите за следење на обезбедувањето на советодавните услуги, за и од перспектива на крајните корисници, честопати се надвор од фокусот,
- многу студии идентификуваат потешкотии во врската (припишувањето) на резултатите на клиентите, со перформансите на советниците,
- вообичаено, недостатокот на достапни индикатори за извори на податоци со потребниот квалитет и квантитет ја попречува проценката,
- концептот - методи, опфат, функција и целни групи – советодавна екстензија (обично јавна) и советодавни услуги (јавни или приватни) не е јасен,
Според Водичот за проценка/евалуација на ФАО ЕАС/РАС, „до денес, напорите за проценка на националните советодавни услуги честопати се фокусирани на тоа како секоја организација инвестира во екстензии/советодавни услуги (во повеќето случаи во јавниот сектор), соодносот земјоделец-екстензија/советодавна услуга, бројот на потребните/распоредени човечки ресурси за обезбедување на услуги, извршени активности за екстензијата/услугата, бројот на учесници/корисници и ниво на усвојување на некоја технологија.“
Мал е бројот на студии кои се фокусирани на капацитетот, односно на квалификациите на советникот за да ги задоволи потребите на клиентот и неговото задоволство од услугите.
Главните директни придобивки од развивањето и примената на речникот за компетенции на РАС, од страна на давателите на рурални советодавни услуги (РАСП) се:
- да обезбеди јасен опис на работните задачи и активности на советникот, како и перспективи за професионален развој на советодавните работници,
- да се обезбеди подобрување на сите процеси во однос на професионалните компетенции на советодавните работници, вклучувајќи ги и фазите на регрутирање, обезбедување услуги и развој на нивните капацитети,
- да се дефинираат професионалните стандарди во интерес на сите засегнати страни – давателите на услуги (организации), советниците, клиентите, властите, итн. - на еден транспарентен начин, што е она што може да се очекува од обезбедувањето на услугата, како и искористувањето на резултатите за евентуална сертификација,
- да ги обезбедат основите за еден ефективен систем за мониторинг и евалуација, како што е предвидено во следните чекори за работа на проектот РАМОНЕС-ПЛ.
Нашите целни групи во проектот поврзани со овој резултат се:
- Даватели на рурални советодавни услуги (РАСП) како организации, кои учествуваат во Анализа на студија на случај (АДС), валидација на професионалните деловни процеси и во анкета поврзана со најпотребните услуги и компетенции, како и интегрирање на речникот/поимникот во организациската политика
- Рурални советници, кои учествуваат во истражувањето и добиваат одредени придобивки споменати погоре.
- Земјоделците, кои истоитака учествуваат во истражувањето, за прашања за тоа кои советодавни услуги се најпотребни и кои компетенции на советниците ги оценуваат како важни.
Главни елементи на иновативноста на оваа активност се:
- Според искуството на партнерите во проектот РАМОНЕС-ПЛ, сеуште не е развиен и применет ваков поимник/речник во областа на руралните советодавни услуги користејки ваков систематски пристап.
- Исто така, при дефинирање на индикаторите, се користи т.н СМАРТ пристап, а тоа значи индикаторите да бидат: Специфични; Мерливи; Остварливи; Релевантни; и Временски ограничени.
Воедно, основите на речникот/поимникот се искористуваат и за следните иновативни активности на проектот, како што се дигиталниот систем ( користејки ги традиционалните методи за прибирање податоци) нивен мониторинг, евалуација, како и нивно користење при еден нов пристап кон т.н. прецизно е-учење).