КРЕИРАЊЕ ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОДАТОЦИ
Главниот технички столб на протокот на информации во проектот ќе биде обезбеден од системот за следење на советодавната услуга (ASTS). Неговите главни компоненти се: системот за следење, регистарот на клиенти, постапување по договори, вработени, модули за советниците, кои можат да бидат поврзани со понатамошни професионални под-модули (дневник за земјоделци, управување со закуп на земјиште, информации за парцели, итн.). Ваквите системи веќе се користат во различна мера, според нивото на развиеност на овие алатки кај давателит на рурални советодавни услуги (RASP) во целните земји на проектот, како што всушност покажа и проценката на потреби во истите.

Во проектот РАМОНЕС овој систем ќе треба дополнително да се развива со цел да се овозможи повратна информација од клиентот, мерење на задоволството на корисниците, учење базирано на работа, развој на база на знаење , како и поддршка на програма за е-учење (прецизно учење).
Понатаму, во зависност од различната ситуација на целните земји, треба да се планираат и спроведат различни стратегии за имплементација на информатичките технологии (ИТ). Во Унгарија, двата партнери работат со ASTS, кои се доста слични, и ќе биде полесно да се постигне интероперабилност помеѓу нив и платформата на проектот RAMONES. Во Северна Македонија, не постои таков ASTS во употреба, но собирањето и управувањето со релевантните податоци е систематско, користејќи офлајн софтверско решение, затоа ќе биде можно да се префрлат на онлајн платформата, или/и да се комбинираат користените методи.
Слична е ситуацијата и во Словачка, каде што националниот координативен институт РАС има централна база на податоци за советодавни услуги, а индивидуалните даватели на услуги РАСП ги следат активностите на ниво на услуги.
Затоа, партнерот во проектот кој е и лидер на оваа активност (О3) ќе им понуди на целните земји различни опции за избор, како би можеле да се приклучат на овој пристап на проектот РАМОНЕС, вклучувајќи:
- локализирање и проширување на унгарскиот ASTS;
- користење решение за следење на проблеми со отворен код (на пример, Mantis BT), кој исто така може да се прошири; или пак
- да се продолжи со користење на постоечки софтвер/систем (оној досегашниот со традиционалните методи), но, следејќи го концептот, логиката и пропишаните процеси на проектот.
Во секој случај, техничкото решение ќе обезбеди можност за интеграција и комбинација на мониторинг податоци во еден заеднички приказ (база на податоци), со цел да се поддржат барањата за следните чекори на проектот.
Многу е важно да се потенцира дека во работниот план на проектот ние ги пресметавме само бројот на работни денови кои се потребни само за создавање на НОВИТЕ компоненти, кои се неопходни за да се овозможи учење базирано на работа, развој на базата на знаење, програмата за прецизно учење, обработката на повратни информации од корисниците поврзани со услугата, како и евалуација на работата на советниците.
Примарна целна група на овој систем се давателите на услуги (RASP), кои имплементираат или сакаат да воспостават вакви системи.
Употребата на ваков систем за следење на советодавните услуги поврзани со т.н. прецизно учење е главниот иновативен елемент на овој резултат од проектот, а воедно и релевантен за целиот проект. Во линкот ставивме примери за решенија за ASTS што се користат во Унгарија (https://crm.gazdakontroll.hu/ и https://gn.eurofarmer.hu).
Информациите за примерот на системот за следење проблеми со отворен код се достапни на: https://www.mantisbt.org/ Пристап до системот за тестирање: http://plg.hu/mantis/ | tpf.erasmus+ | Рамонес 2020 година
ГАК како партнер и носител на овој проект има користено ваква платформа со отворен код, во периодот кога функционираше како национална канцаларија за помош на унгарскиот систем за е-побарувања.
Во проектот се планира да се користи не само само интерфејс за веб-прелистувач, туку и решенија за мобилни уреди, на еден иновативен начин, преку гео-следење на движењето на советниците, по место, датум, време, итн. при нивните посети на фарма, како и користење тапликации за теренско снимање податоци. (како на пример Epicollect, каде што имаме добро искуство https://play.google.com/store/apps/details?id=uk.ac.imperial.epicollect.five&hl=en_GB).
Очекувано влијание и потенцијал за преносливост:
- Описот на техничката имплементација ќе биде објавен во РАМОНЕС Водичот, особено истакнувајќи ја можноста за користење на решенија со отворен код и отворени решенија, што може да помогне да се постигне интероперабилност помеѓу функционалностите моделирани од РАМОНЕС проектот со системот на другите актери, особено RASP, низ цела Европа.
- Покрај техничкиот/информатички потенцијал за преносливост, идеата за користење на информации за следење на советодавните услуги и повратни информации од истите, е насочена кон развој на модел за развој на капацитетите на самите советници.