Целта на Проектот РАМОНЕС-ПЛ е да ги зајакне руралните советодавни услуги (RAS) за да ги подобрат нивните стандарди преку систем на следење и проценка (Мониторинг и Евалуација) кој ќе биде една симултана поддршка на развој на систем за таргетирана, персонализирана и стручна програма за обука на советниците и создавање на сертификациска шема за квалитет.

Терминот ПРЕЦИЗНОСТ не е непознат во земјоделството, впрочем, ние би сакале да покажеме дека (покрај во технологијата на производството) овој поим може да биде релевантен и успешно имплементиран и во процесот на пренесување на знаење во корист и на давателите на услугите и на нивните клиенти.
Активностите на прецизно учење во нашиов проект имаат за цел:
- Развој на компетенции на нашата примарна целна група – земјоделските советници – кои им е потребен поголем адекватен капацитет
- Развој на образовна програма преку која ќе се подобрат работните перформанси на советникот; и
- Врз база на погоре кажаното, развој на сертификациона шема која би била претставена и промовирана пред засегнатите страни.
ПЛАН
1. Адаптирање на најсовремен метод (дигитален, онлајн, мрежен) за следење на услугите и мониторинг систем (покрај традиционалниот систем на прибирање на податоци);
2. Поддршка во собирањето на детални информации во врска со зголемениот квантитет и квалитет на податоците, собрани директно од терен (каде што услугата всушност се одвива)
ЦЕЛНИ ГРУПИ
1. Главна - руралните советници кои работат на терен (оние кои даваат помош на клиенти за решавање на нивните вистински проблеми кои се појавуваат од секојдневната пракса и воведување на иновативни методи)
2. Организациите кои обезбедуваат услуги, кои ја координираат работата на нивните советници и кои се одговорни за целокупниот процес
3. Самите клиенти – корисници на услугите, пред се земјоделците и руралните претприемачи
Во текот на проектот партнерите во проектот ќе развијат 6 резултати и исходи меѓусебно поврзани:
1. Речник (поимник) на компетенции - кој ќе се користи за идентификување на главните деловни процеси, компетенции, категории, индикатори и извори на податоци специфични за советодавната активност.
2. Методологии кои ќе го опишат протокот на процесите и сродните компоненти на следење на услугите, нивно мониторирање и евалуација како и користењето на т.н. прецизно учење.
3. Во третиот чекор ќе го поставиме информацискиот систем за управување со податоци. (Платформа)
4. Креирање на Програмата за обука која ќе се спроведе во услови на работа на терен, со учество на 24 рурални советници и скоро 300 корисници на услуги.
5. Сертификација - развој на сопствена пазарно ориентирана шема за осигурување на квалитет според концептот на проектот и подготовка за меѓународна стандардна сертификација.
6. РАМОНЕС ВОДИЧ - Сите резултати од проектот сумирано публикувани во водич кој ќе се користи за дисеминација на резултатите, како во земјите учеснички во проектот, така и ширум ЕУ.
Методологијата на проектот ги следи најновите професионални упатства и препораки за политики развиени од Организацијата за храна и земјоделство на ООН (ФАО) и Глобалниот форум за рурални советодавни услуги (ГФРАС), како и неколку наоди од други истражувања и методи од предметната област.
Што очекуваме?
- На ниво на советници –
o Очекуваните перформанси на испорака на услуги и угледот на советниците да се зголемат, преку поголемо задоволство засновано на подобра услуга.
o Подобрено знаење, вештини, зголемени специфични и мултифункционални компетенции на советниците кои ќе доведат до зголемена самодоверба, потврдена со носење добро препознатлив „беџ“, што индустријата и клиентите го прифаќаат и го почитуваат.
o Советниците имаат можност да ги прошират и продлабочат контактите со земјоделците.
- На ниво на партнерски организации -
o проектот ќе овозможи подобро разбирање на користените иновативни пристапи.
o подобрена ефикасност при обезбедувањето услуги,
o одржување на “базата на знаење“ и спроведување на обуки во рамките на организацијата,
o Посистематски пристап кон крајните корисници (од нивна перспектива) земајки ги во предвид повратните информации за подобрен развој на советодавните услуги.
o Употребата на шемата “прашања&одговори“ која обезбедува подобрена професионална слика и позитивно препознавање на давателот на услугата
Програма:
Erasmus+ Call 2020 Round 1 KA2
Cooperation for innovation and the exchange of good practices
KA202 - Strategic Partnerships for vocational education and training
Партнери:
- GAK OKTATO, KUTATO ES INNOVACIOS NON PROFIT KOZHASZNU KORLATOIT FELELOSSEGU TARSASAG Hungary (coordinator)
- CONSIGLIO PER LA RICERCA IN AGRICOLTURA E L'ANALISI DELL'ECONOMIA AGRARIA Italy
- ФОНДАЦИЈА АГРО-ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА (ФАЦЕ) - С. МАкедонија
- GAZDA KONTROLL KFT. Hungary
- LATVIJAS LAUKU KONSULTACIJU UN IZGLITIBAS CENTRS Latvia
- SLOVENSKA POLNOHOSPODARSKA UNIVERZITA V NITRE Slovakia
- SREDNJA SKOLA "ARBORETUM OPEKA" Croatia
Временска рамка: 1 Септември 2020 – 28 Февруари 2023
Буџет: 360.433€