ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПИЛОТ ПРОГРАМА ЗА УЧЕЊЕ БАЗИРАНА НА РАБОТА ПОВРЗАНО СО СЛЕДЕЊЕ И МОНИТОРИНГ НА УСЛУГИТЕ НА ТЕРЕН
Главниот резултат на проектот РАМОНЕС е поврзан со еден вид персонализирано, т.н. прецизно учење, како иновативен метод на стручно образование за развивање работни компетенции на нашата главна целна група, руралните советници. Овој резултат се базира на следење на еден едногодишен циклус на работа на руралната советодавна служба; за која поради сезонската специфичност на земјоделските и руралните активности за покривање на типичните случаи, а и поради потребната количина на податоци и искуство што треба да се акумулира, е потребен овој временски период.
За успешно пилотирање на активноста, потребно е претходно да се изготви методологија и некои технички специфики, како на пример, креирање на онлајн дигитална платформа. Но, истотака, ќе бидат користени и традиционалните методи за прибирање податоци, како што се офлајн формулари, ексел датотеки, прашалници и сл., се со цел креирање на програма за прецизно учење.
Во текот на пилотирањето, покрај добивањето на повратни информации за податоците од системот за следење на услугите, планираме да креираме прашалници и дискусии во форма на фокус-групи меѓу советниците-учесници и клиентите (фармерите) како корисници на услуги. До крајот на овој едногодишен период, податоците ќе бидат анализирани, усогласени и потврдени, за да се заокружи целиот процес.
Во текот на оваа пилот имплементацијата и следењето на советодавната услуга, планираме да ја постигнеме нашата цел во два чекори:
1. Прво, за време на обезбедувањето на услугата: доколку постои индикација за недостаток на одредена посебна техничка компетентност кај советникот , тој треба да се обрати кај друг експерт/советник, барајки решение за проблемот кој треба да се реши (одговор, информација, опис) во корист на клиентот. Притоа, откако ќе се најде решението, него го превзема самиот советник и го доставува до клиентот, со што активно учествува во давањето услуга која ќе биде прифатена од крајниот корисник.
Овој процес е всушност еден вид учење базирано на работа, кој континуирано ќе се следи во оваа фаза на проектот.
Дополнително, сите решени проблеми од страна на советникот, треба бидат анализирани од одреден супервизор / координатор на системот, за да се усогласат со базата на знаење. Доколку решението на проблемот на овој начин го надополнува постојното знаење на советникот, треба да се вметне во една соодветна структура на податоци, за потоа лесно реплицирање на решението во некои идни исти или слични случаи.
2. Второ, перформансите на советниците ќе бидат оценувани според посебен метод, кој ќе се развие како посебно знаење во рамките на проектот.
Овој метод, треба да го оцени советникот на реали основи во однос на изнаоѓање решенија, начинот на решавање на проблемите, приоретизирање, времетраење, категоризација на услугата итн.
На тој начин, споредбата на целокупното постигнување на сите советници во едан организација давател на советодавни услуги (РАСП), упросечено, ќе овозможи вреднување на индивидуалните резултати на секој советник поединечно.
Активноста на учење, базирана на точно насочување на празнините во знаењето на советниците според нивните лични перформанси и соодветните потреби, ќе се спроведе во две фази:
1. Во целиот тек на периодот на пилотирање, или поточно во фазата на имплементација на услугите, советниците кои се набљудувани/ следени во процесот на обезбедување на услуги, и притоа ќе добиваат одредени вежби - во форма на онлајн квизови – на пр. квартално, генерирани динамично од базата на знаење на давателот на услугата (за добри практики, решенија, технологии, правни информации итн.). Прашањата ќе бидат во контекст со прашањата каде што советникот немал или имал одредено недоволно ниво на знаења за одредена тема. Резултатите од квизот истотака ќе бидат земени предвид во креирање на годишната програма за учење.
-
На крајот на годината. Оценувајќи го обезбедувањето услуги на секој советник –учесник во пилотирањето, како и резултатите од кварталните тестови/квизови, ќе треба да се креира една персонализирана програма, која ќе биде понудена и тестирана со т.н. мешано учење (во пракса и онлајн).
Елементите на иновација на овој интелектуален труд се во согласност со новите методи поврзани со персонализирани, прецизни програми за учење.
Со цел да се обезбеди влијанието и преносливост на ниво на ЕУ, ние ја дизајнираме програмата за учење на начин што давателите на услуги што имплементираат целосен систем за следење на услугите, како и оние кои применуваат собирање податоци со традиционални средства, можат подеднакво да дизајнираат и извршуваат свои персонализирани програми за прецизно учење, како придобивка од резултатите од нашиот проект. Релевантните техники и практики ќе бидат темелно документирани и објавени во Водичот RAMONES на крајот од проектот.